Улични муабети: сленг

Ја уствари сум за комбинирана варијанта, да пичиме напред у реформи, а
извештаите за можен влез у тоа Унијата да бидат негативни. Пошо мене
баш и не ми се влага негде од кај шо повеќето сакаат да излезат

О тиде светот у п.м. луѓе, ја ви кажувам. Не може да е нешо здраво ако
у прајм тајм на вести на секоја проклета телевизија ја пуштаат онаа
снимка со Гадафи, напраен фонтана у глаата, крв шикља на сите страни,
па уше му бутаат нешо у анус, болесници еј! И фрштат честитки од тоа
западоидите шо потепаа еден тон обичен народ, демек поддршка за
бунтовниците, ко да честитаат нечија свадба, а не грозна егзекуција у
живо на чоек кој можда и не е Гадафи. Знам дека ме сметате за мрднат,
све е за вас теорија на заговор, али мене ми е нешо сумњиво тоа шо
прво се истопори она типче со златниот пиштол на полковникот, па ни
тврдеше дека он го фатил у канализација и тамам ние си помисливме ова
диктаторите ептен глупи и неоригинални, пошо Садам у канализација,
Моамер у канализација, коа ете ти друго типче шо мавта со прстенот на
Гадафи и ни објаснува дека баш он го нашол на улица дур дрнда нешо со
пар жени и, цап, му залепил една шамарчина и коа другарите од Ал каеда
не сакале да му го дадат да си го носи кај него у маало да се пува, он
му свирнал куршум у глаа на диктаторот и им порачал на другарчињата,
сеа носете си го кај шо сакате. Само не ни објасни шо тоа Гадафи
зборел со жените, а мене тоа највише ме интересираше. Башка, ако не
сте приметиле уше Садамчо коа ни го бесеа у живо, наеднаш никој више
не збори за двојници, а пред тоа нé отекоа колку клона има секој
факинг диктатор и сé бе нешо на чуден начин се отарасуваат од телата,
те Осама у океан, Моамер у пустина, демек да не им ги славеле телата,
ко ја да не го славам Моцарт, а појма неам кај му е гробот. Додуше а
ја слушнам „му го скривме телото да не стане светилиште“, одма у глава
ми се појавуваат зборовите обдукција, ДНК, отисоци, али кој сум ја да
мрчам за вистината коа она е измислена од медиумите и политичарите. И
шо дека Гадафи беше диктатор, ко Либијците да го направија диктатор, а
не западоидите на кои увек им треба промена на крв со нафта. И све
прајм тајм бе брат! Ја додуше на копиљаците им препорачувам да гледаат
порничи, оти коа цел ден седат пред тоа мониторите и пукаат у
анимирани фаци за да им се дигне на следно ниво, а зборат само со
затворени муцки на Фејсбук, сварно е боље да гледаат ФФМ трисм,
отколку како некој некому се обидува на сила да му напика нешо у анус.
Како? ФФМ трисм нема никаква врска со ММФ, а богами ни со фудбалска
федерација, туку е фимеил фимеил мен трисм шо у превод ти значи секс
тројка меѓу две жени и маж. Ете така! Да сум пробал, топ е.

И тамам малку подзаборавивме на Гадафи и сексуално неоставарените
типчиња околу него, као оние нашите шо режеа грбови на работници, пошо
гарант никад не галеле грб на жена, освен ако тоа не било силување,
ете ти го Фрчко Потрчко ху лавс Грчко на страната на Плус Инфо со свое
пророштво. Ни кажува мртов ладен дека еве сеа че дојдат странците со
куп пари, че отворат туце антигруевистички медиуми и коа ќе осетат
либиска атмосфера, че уфрлат уше куп пари за да се десат улични
немири, кои по дифолт че напраат Сирт од Скопје, а Фрле ваљда ќе биде
оној дечко од снимката која че се врти на Си-ен-ен меџу две реклами у
која... Ма нејќам ни да помислам!

Е баш педерски од страна на Фрле! Тоа ви е као професоров да ни рекол,
а бе дечки глејте го тој и тој филм, ептен е добар, многу е кул и на
крај убиец е батлерот. Стварно Фрле, ептен не си фер, ич не нé оставаш
да уживаме у развојот на настаните, ни акна сé у фаца и ние сеа ќе се
досадуваме, пошо го знаеме крајот на филмот. А моеше само да ни
откриеш до пола, као еве сеа ќе улетаат странците од унијата со пар
опозициски весници, а не да ни откриваш дека ќе го рушат Груевски, па
макар ни спровеле и либиско третирање на демократијата. Само не му
текнува на дечкото со пура дека дур завршат неговите немири еден тон
луѓе бадијала ќе изумрат, само ради фактот шо тој и таквите као него
не им пашат изборни резултати. А е СДСМ на власт увек е две иљади и
прва, нонстоп се дрнда за немири и војна, се мантра диктатура наместо
добро утро, а кога се на власт, тогаш е соживот, мир, љубов. Уствари
он сака да ни каже дека западоидите мора да ни смислат наша верзија на
Гадафи 1969-та, али засекогаш. И кој е сега тука глуп, а кој поглуп?

А коа више ја спомнав опозицијата, само она не реагираше за
евроизвештајот, упатен на наша пошта, а адресиран за некоја безимена
земја. Само они и ЗНМ, ако не се лажам. Да, така е, и ЗНМ е
порно-правец, али не е тројка, туку оргија, ама не е популарен пошо
нема ерекции и оргазми. Овие сите шо праќаа писма, гарант се гнасни
вмровски структури. Џабе у МПЦ глумат лудило, по брадите им се познава
дека партиски книшки кријат под мантиите. А и кошаркарите исто, им се
виде илето вмровско, мораа баш да победуваат коа Владата организираше
своја лична прослава ради некакваси независнот, па уше се истртија под
тоа портата, се глеа зашо и они сега реагираат. Значи алал да и е на
опозицијата!
Уствари они реагираа, али позитивно, нив нешо баш им пашеше ваквиот
обид за понижување на Македонија од страна на еврорептилите. Демек
Владата била крива, а со тоа богами мнозинскиот македонски народ шо
упорно гласа за неа. Тоа ти е, шутрачки народ! А ако седнеме вистински
да резимираме, уствари ќе видиме дека у последниве години ние добиваме
позитивни извештаи од тоа Бриселот, али сé повише и повише ни се серат
на идентитетот, а коа СДСМ беа на власт тек-тук се провлекуваше
понекоја придавка „македонски“, али затоа извештаите тврдеа дека сме
тапа, то ест дека реформи се дешаваат само у аутфитот на госпожата за
евроинтеграции. И сеа шо праиме? Кај да се денеме, кое џаде да фатиме?
Ја уствари сум за комбинирана варијанта, да пичиме напред у реформи, а
извештаите за можен влез у тоа Унијата да бидат негативни. Пошо мене
баш и не ми се влага негде од кај шо повеќето сакаат да излезат.

Туку батали опозицијата, друго сакав да ви кажам за крај. А бе, нешо
болен сум. Да, на телевизија видов дека сум фатил некој опасен вирус.
Евроскептицизам се вика, да. Прво и се нафрлив на девојка ми, и викам,
караконџуло една, гарант ти си ми го пренела, а она мене гаду еден, ти
си по пачаврите, сам си го фатил и, еве, сеа болен сум. Али морам да
ви признаам, за разлика од сифилисот, триперот и другите сексуално
преносливи болести, евроскептицизмов најбоље го поднесувам. Ма да не
се лажеме, чак што више некако осеќам повише потенција, па сеа си
викам, може ако се отарасам од него, може стерилен ќе останам. Ај чао!

Авторот е уметник

Автор: Александар Русјаков

No votes yet

Powered by Drupal - Design by artinet